Музичка вечер со австриско-српскиот дует Вагнер – Палурович

Сподели

Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди интересна содржина со концертот на Доминик Вагнер на контрабас и на пијано.

Иако релативно млад, Доминик Вагнер е стипендист на фондацијата на Ан Софи Мутер, добитник е на наградата „Ехо класик“, а во 2022 година беше прогласен за млад талент на годината од страна на „Опус класик“. Победник е на многубројни натпревари за контрабас, а има настапувано со реномирани оркестри и ансамбли, како: „Камерата Салцбург“, Симфонискиот оркестар на Баварското радио, оркестарот ВДР, Германската камерна филхармонија од Бремен, во концертни сали во: Њујорк (Карнеги хол), Берлин (Концертхаус), Виена (Музиквераин и Концертхаус), Минхен (Херкулес сала), Хамбург (Елб филхармонија).

Софија Палуровиќ започнува да учи пијано со Татјана Вукмановиќ во Нови Сад. Откако го завршува образованието во специјализираното музичко училиште „Исидор Бајиќ“ во Нови Сад, заминува во Виена и студира на Универзитетот за музика и изведувачки уметности, каде што и магистрира.

Има освоено многубројни меѓународни награди.

Палуровиќ и Вагнер вечер во „Св. Софија“ ќе изведат дела од: Бетовен, Малер, Ботесини, Мартин, Пјацола.