Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

Сподели

Двата хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваа на повеќе места каде што имаше пожари од поголем обем и беа загрозени неколку села, каде што гореа и куќи.

Хеликоптерот Бел 412 исфрли 10 тони вода врз пожарот во с.Малино, а потоа продолжи да дејствува врз пожарот кај с.Немањица. Хеликоптерот Ми 171 исфрли над 40 тони вода во 18 налети врз пожарот во с. Немањица.