Македонскиот стрип на колонија во Србија

Сподели

Во туристичкиот комплекс во селото Семетеш, Србија, е во тек 12. Меѓународна стрип-колонија на која учествува и Стрип-центарот на Македонија од Велес со младата талентирана авторка Ангела Петрушевска и Томе Трајков, програмски координатор на организацијата. На колонијата учествуваат и млади од стрип-училиштата од Србија: од Ваљево, Рашка, Лесковац, Белград, Сомбор и од Крагуевац.

Томе Трајков го нагласува повеќегодишното учество на македонски автори од 2015 година како резултат на успешната соработка со Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“ и Канцеларијата за млади и Центарот за култура „Градац“ од Рашка. Македонија е единствена поканета земја надвор од српското јазично подрачје.