Пожар во Дојран, се врши евакуација на граѓаните

Сподели

Територијата на фронтот на пожарот во Светиниколско е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност. Пожарот над Прилеп е ставен под контрола.

Во Свети Николе на терен се пожарникарите, а во приправност има доволен број на припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, доцна во ноќта спасен бил манастирот. Позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака и во моментов се интервенира да се стават и овие жаришта под контрола и да се изгаснат, има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка засега не е потребна.

Пожар во Дојран, се врши евакуација на граѓаните, нема повредени. Три куќи се во пламен откако изби пожар во Дојран. Поради непредвиденото движење на огнот се врши итна евакуација на граѓаните.