Ликовна колонија Галичник посветена на колективната културна меморија

Сподели

Овогодинешната, јубилејна 35. Ликовна колонија Галичник започнува на 12-ти август со фокус на колективната културна меморија.

На колонијата ќе учествуваат 10 уметници:: Кристине Ледерер – Австрија, Ивана Хостник – Србија/Словенија, Лучезар Бојаџиев – Бугарија, Софија Димова – Бугарија, Марина Касијаниду – Кипар, Елија Калогјани – Грција, Стефан Корнацки – Полска, Ил Џафери – Косово и Клелија Живковиќ и Дарко Алексовски од Македонија.

Колонијата ќе трае до 19 август, а се реализира со поддршка на Министерството за култура.