Средба на Исени и Керстин Шпицер

Сподели

Денеска, заменик министерот за внатрешни работи, д-р Астрит Исени одржа работна средба со офицерот за врски во заминување на Сојузната криминалистичка полициска служба на Сојузна Република Германија, г-ѓа Керстин Шпицер.

На средбата заменик министерот изрази благодарност за досегашната одлична соработка, нагласувајќи го партнерството меѓу двете земји и двете министерства, а особено се заблагодари за многубројните донации и помошта што ги има обезбедено Сојузна Република Германија за Министерството за внатрешни работи.

Заменик министерот за внатрешни работи воедно истакна дека целта на Министерството е пред сè продолжување на борбата против корупција и криминал, како и продлабочување на односите со меѓународната заедница и со земјите-членки на ЕУ. Во овој контекст, тој се осврна на потребата од помош во областа на едукација на полицијата, нагласувајќи дека едукацијата е еден од приоритетите на МВР, како и во областа на оперативно-техничките работи за поголема ефикасност на полицијата. Тој воедно изрази и надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина и дека Сојузна Република Германија ќе ни помогне во нашиот пат кон ЕУ и за остварување на нашата цел да станеме дел од европското семејство.