На „МакеДокс“ ќе биде прикажан етнолошко документарниот филм ,,Хембој“

Сподели

Утре, на 19 август во 20.30 часот ве покануваме на платото пред Музеј на Република Северна Македонија каде во рамките на петнаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм MakeDox

На „МакеДокс“ ќе биде прикажан етнолошко документарниот филм ,,Хембој“ во продукција на Музејот на Република Северна Македонија чиј автор е етнологот Елизабета Конеска.

Снимен во старата скопска чаршија, каде што сè уште се бојадисуваат стари јакни, панталони, кошули и други видови ткаенини се прикажуваат трите генерации од семејството Незири кои го работат овој занает и го водат дуќанот што го презеле од семејството Бојачиев. Ова е филм за наследството на занаетите и традициите во мултиетничко Скопје.

Програмата на овој меѓународно етаблиран Фестивал годинава е сочинета од 92 филмови и меѓу неколкуте македонски автори е и филмот „Хембој“.