По повод 18. Август Денот на Армијата, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитки и благодарност до припадници на армијата кои служат со чест, храброст и непоколеблива посветеност.
“Вашата професионалност и подготвеност секогаш да одговорите на предизвиците е инспиративна. Секојдневно вложувајќи се со храброст, пожртвуваност и лојалност, вашите придонеси не остануваат незабележани. Вие сте пример за тоа што значи вистинска љубов кон татковината. Верувам во вас и се гордеам со вас. Продолжете да бидете штит на безбедноста и стабилноста на Македонија.
На овој ден оддаваме почит и на бранителите кои ги положија своите животи за Македонија. Нивната храброст не инспирира затоа што тие ни го покажаа вистинското значење на службата. Да продолжиме да го почитуваме нивниот спомен”, – изјави министерот Мисајловски.