МВР Билтен

Сподели

На 18.08.2024 во 01.00 часот на ул.„Прохор Пчински“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(21) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.08.2024 во 14.00 часот во Скопје, на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.А.(39) од с.Раштак, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.08.2024 во 18.10 часот во с.Глумово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.Н.(25) и Р.Н.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (18.08.2024) во 02.30 часот во Струмица, полициски службеници при СВР Струмица ги лишиле од слобода Ѓ.Т.(21) и С.З.(21), двајцата од с.Ињево, радовишко, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.08.2024 во 07.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово –Гостивар, во близина на клучка Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(24) од с.Радишани, скопско  и товарно возило „фиат” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(51) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил  М.Т.(22) од Радишани, сопатник во возилото „бмв“, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

На 17.08.2024 во 18.10 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Р-1205, во близина на локалниот пат кон с.Стрмош, пробиштипско, патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(18) од с.Стрмош, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката Л.Т. од Пробиштип се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

На 17.08.2024 во 05.25 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од П.С.(49) од Прилеп и друг мотоцикл, кој по несреќата го напуштил местото. Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник М.Т.(50) од с.Мало Коњари, прилепско, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

На 17.08.2024 во 12.30 часот во ОВР Кочани, В.Ѓ.(70) од Кочани пријавил дека на ул.,,Петровденска“ бил каснат од куче скитник.

На 17.08.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.П.(32) од Скопје пријавила дека на пешачката патека покрај река Вардар била касната од куче скитник.