Таравари: Од понеделник на позитивна листа 9 нови лекови

Сподели

Од 16 септември, во аптеките ќе бидат достапни деветте нови лекови кои се додадени на позитивната листа, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари

“Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни за да живее здрав, продуктивен живот.

Нашата работа денес директно влијае на благосостојбата на нашето население, намалувајќи ги финансиските оптоварувања на семејствата и подобрувајќи го квалитетот на здравствената заштита низ нашата земја.

Клучно е унапредување на заедничката меѓуресорска соработка во владата и вклучување на сите релевантни институции во заедничките напори за што подобар пристап до лекови”, истакна министерот за здравство д-р Арбен Таравари на денешниот настан посветен на позитивната листа на лекови, што се одржа во Владата на Р.С. Македонија.

Тој појасни дека од клучно значење е да негуваме подлабока соработка помеѓу надлежните институции и сите клучни чинители.

-“Овој заеднички пристап ќе ни овозможи поефикасно да се справиме со постојните предизвици и да имплементираме одржливи решенија. Токму, неодамнешната ревизија на позитивната листа е доказ за нашата посветеност, но тоа е само почеток.

Станува збор за повеќе од политика – се работи за луѓе”, заклучи Таравари.