Фестивалот „Денови на комедија“ во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Сподели

Овогодишен лауреат на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ Куманово е актерот Сашко Коцев.

Годинава по 27-ми пат во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“  ќе се одржи традиционалниот меѓународен фестивал  на кој ќе бидат изведени единаесет комедии од театри од државата и соседните Бугарија и Србија.

Фестивалот ќе почне на 24 септември со Велешкиот театар, следуваат Охридкиот, потоа театрите од Враца и од Врање. Свои изведби ќе имаат и Театар Комедија, Тетовскиот, театарот од Плевен, ќе игра и албанската драма од Куманово. Публиката ќе има можност да ги проследи и Штипскиот театар и театарот од Ниш. Во вторник фестивалот го затвора Кумановскиот театар со новата претстава, „Ноќ спроти Водици“, во режија на Срѓан Јанаќиевиќ.

Членовите на Советот на фестивалот одлучија наградата „Васил Иљоски“ која се доделува за особен придонес во театарската уметност да му припадне на актерот Сашко Коцев.

Изминативе шест години лауреати на Фестивалот беа Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Стојна Костовска, Благоја Чоревски и Коле Ангеловски.