24 часовен МВР Билтен

Сподели

На 15.09.2024 во 01.15 часот на улица ,,Ѓорче Петров” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.С.(65) од с. Голема Речица, кај кого бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 14.09.2024 во 22.20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21.40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од Валандово. З.К. претходно и телефонски му упатувал закани на Д.Б.. З.К. е задржан во Полициската станица Валандово, извршен е претрес во неговиот дом и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Гевгелија.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.А.(28), Б.Р.(24) и А.И.(45), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.  На 21.07.2024 пријавените физички го нападнале Ј.М.(50) од Прилеп во неговиот дом, при што употребиле и метален предмет.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.П.(37) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 03.09.2024 во семејната куќа во кривопаланечко, пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна сопруга. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.И.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.04.2024, полициски службеници ја забележале пријавената како на друго лице дава марихуана, која подоцна била одземена од лицето.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(30) и А.М.(24), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.03.2024, пријавените договориле средба за продажба на марихуана на други лица, која била пронајдена и одземена од страна на полициски службеници.

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Н.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.  

Денеска (15.09.2024) во 09.40 часот од страна на полициски службеници од СВР Штип, на подрачје на Штип е приведен Т.З.(46) од Штип, кој бил баран по наредба од Затвор Струмица поради бегство од КПУ. Во 12.15 часот лицето е предадено во Затвор Струмица.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против М.Н. (24) од Кочани поради основи на сомнение за обид за убиство по чл. 123 во врска со член 19 од КЗ. На 14.09.2024 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце М.Н. бил лишен од слобода од страна на полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава од В.А. (38) од Кочани, дека на паркинг во Кочани на 13.09.2024, додека седеле во автомобилот на В.А. заради купопродажба на мобилен телефон, М.Н. извадил нож и со него го нападнал пријавителот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а М.Н. е изведен пред судија на претходна постапка и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

На 14.09.2024 во 12.15 часот во СВР Скопје, З.К.(45) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Г.(55) од Скопје, кој претходно агресивно се однесувал кон пријавителот и неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (15.09.2024) во 04.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, биле опожарени три возила: патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје. Огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (15.09.2024) во 02 часот во СВР Куманово, П.П.(31) од село Лопате, кумановско, пријавил дека околу 01.00 часот, пред угостителски објект во Куманово, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

   

Денеска (15.09.2024) во 03.30 часот, пред угостителски објект во Градски парк Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле двајца малолетници од Скопје кои се однесувале агресивно кон полициски службеници додека тие извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Денеска (15.09.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, С.Ц.(47) од село Булачани, скопско, пријавил дека претходниот ден (14.09.2024) во 23.15 часот во село Виниче неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.З. од с. Виниче, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.09.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Дрма, општина Петровец, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две женски лица -Ј.М.Т.(48) од Тетово и М.С.(50) од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 13.09.2024 во 08.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден во 08.10 часот во објект во изградба во населбата  Илинден, општина Петровец, во сопственост на правен субјект, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од својот колега М.З.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.09.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 03.30 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, било опожарено патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Д.Д.(30) од Скопје. Извршен е увид од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.09. 2024 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница во Скопје, едно лице со закана со остар предмет од вработениот одзело пари. Се работи на расчистување на случајот. 

На 14.09.2024 во 18.50 часот било пријавено дека во аптека на територија на општина Аеродром, едно лице со закана со остар предмет, од вработената одзело пари. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.09.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Берово, Д.К.(21) од  с. Смојмирово, беровско, пријавил дека истиот ден околу 19.35 часот во дворно место од семејната куќа бил физички нападнат од неговиот сосед Г.К. од истото село. Од страна на полициски службеници на лицето му е сочинет записник за констатиран прекршок по чл. 12 ст. 1 од ЗППЈРМ.