Претседателката Давкова именуваше членови на Советот за безбедност

Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов – експерт за климатски промени.

Со именувањето на тројцата членови од страна на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Северна Македонија е во полн состав:

Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Членови на Советот за безбедност се:

  • Африм Гаши, претседател на Собранието,
  • Христијан Мицкоски, претседател на Владата,
  • Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,
  • Владо Мисајловски, министер за одбрана,
  • Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија,
  • Џевдет Хајредини,
  • Малинка Ристевска Јорданова, и
  • Владо Спиридонов.