Импакт Бизнисите од Македонија и Малта на иста сцена

Сподели

Вчера, на 25-ти септември во просториите на Europe House, Скопје, со голем успех се одржа Демо денот на првата Акцелераторска програма за импакт бизниси помеѓу Северна Македонија и Малта.

Домаќини на настанот беа Бизнис Импакт Лаб од Скопје, во соработка со Асценд Консалтинг од Малта, кои заеднички ја имплементираа програмата за тимовите. Овој настан е дел од Еразмус+ проектот GreenSkills, кој има за цел да го поттикне развојот на одржливи бизниси и да ги поддржи младите претприемачи во областа на социјалното претприемништво.

Финалистите на програмата ги презентираа своите иновативни концепти, додека меѓународни експерти обезбедија стручна евалуација и отворија нови можности за соработка и развој. Дополнително, трите најдобри бизниси беа наградени со специјален пакет за поддршка кој вклучува подобрување на нивниот бренд идентитет и комуникација на брендот, со цел да го зајакнат својот пазарен настап и видливост.

Демо денот претставуваше одлична можност за вмрежување и инспирација, со фокус на поддршка на идните лидери во импакт бизнисите, кои придонесуваат за позитивни општествени промени.