Шокаровска и Лочеи на фестивалот „Балет фест“

Сподели

Балетските првенци, Марија Кичевска Шокаровска и Балаж Лочеи (Унгарија), ќe настапат на Гала балетска вечер во рамките на фестивалот „Балет фест“, на 27 септември во Сараево, Босна и Херцеговина.

Ќе се претстават со адаџо од Спартак (музика: Арам Хачатуријан, кореографија: Георги Ковтун) и со Мошковски Валцер (музика: Мориц Мошковски, кореографија: Васили Вајнонен).

Репетитори: Олга Панго, Саша Евтимова, Александра Мијалкова и гостинот од Украина, Володимир Борисов.

Линк до настанот: https://nps.ba/repertoar/gala-baletsko-vece/554..