Според медиумски извештаи, во врска со експлозијата на бомба, која во саботата вечерта експлодира на Менхетен во Њујорк, уапсени се пет лица. Сите се наоѓале во еден автомобил. ФБИ не дава поединости околу случајот и се ограничува на скудни информации: навистина бил запрен еден автомобил, но нема уапсени. Истрагата продолжува, велат од полицијата.
Во саботата вечерта околу 20.30 часот по локално време експлодираше бомба направена од експресен лонец во квартот Челси, во Менхетен, во кој се наоѓаат бројни барови и кафулиња, повредени беа 29 луѓе. Во близина беше пронајдена и втора експлозивна направа, исто така експресен лонец, но таа не експлодира. „Можеме да бидеме среќни што нема мртви“, истакна гувернерот на Њујорк, Ендру Кумо.
Њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио соопшти дека во меѓувреме сите 29 повредени се отпуштени од болница и додаде дека бомбата била терористички акт.