Концерт на Националниот Џез оркестар во МНТ

Сподели

Националниот Џез оркестар со задоволство најавува специјален концерт, кој ќе се одржи на 8-ми октомври 2024 година, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје.

Овој уникатен настан ќе претставува спој на искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.

Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани.

Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој.