ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир уште активен

Сподели

Регионалниот ЦУК Скопје ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, во која се наведува дека од 01.50 часот на 2.октомври, со 20 пожарникари и седум противпожарни возила интервенираат поради запален магацин на улицата „Прохор Пчињски“ бр.136 во подрумски дел на зградата.

Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвивало отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали. Пожарот бил проширен и на станбена зграда, на приземните дуќани, поради што биле евакуирани се повеќе од жителите на зградата, велат од ЦУК.

Од Итната медицинска помош во 14.25 часот, известиле дека имаат дадено прва медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар и една бремена жена. Дополнително како помош на БППЗ на Град Скопје пристигнало специјално противпожарно возило на АРСМ.

Во 06.00 денеска е добиена информација дека пожарот се уште е активен и во моментов на терен се три противпожарни возила од БППЗ на Град Скопје (Општина Чаир).