Изложба на Илирјан Беќири и Агрон Абдули во КИЦ на РСМ во Софија

Сподели

Во галеријата на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија денеска ќе биде отворена изложбата „Мотиви од полошко поднебје“ на ликовните уметници Илирјан Беќири и Агрон Абдули.

Двајцата уметници од Тетово ќе изложат околу дваесетина дела од нивниот најнов сликарски опус. На изложбата ќе можат да се видат сликите на Илирјан Беќири, изработени во техниката маслени бои на платно и сликите на Агрон Абдули, изработени во техниката акрилни бои на платно.

На отворањето на изложбата ќе присуствуваат двајцата ликовни уметници – педагози, кои ќе ја запознаат публиката со својата уметност, творештво и дејност.