ГАЛЕРИЈА: Астрофотограф на годината 2016

Сподели
И оваа година Кралската опсерваторија во Гринич објави конкурс за најдобра астрофотографија. Според оцени од комисијата севкупен победник за 2016 година и победник во категорија ’нашето Сонце’ е Ју Јун со неколкукратна експозиција од целосно затемнување на Сонцето забележувајќи феномен наречен ’Бејлови монистра’ кога првите сончеви зраци продираат низ кратерите на Месечината.

Бејлови монистра

Бејлови монистра (с) Yu Jun
Ќе забележите дека повеќето од финалистите и победничките фотографии веќе биле објавени на нашиот сајт, Фејсбук страна или на Инстаграм.
Останатите финалисти во категорија ’Нашето Сонце’ се:

Сончоглед корона

Корона од сончоглед (с) Catalin Beldea & Alson Wong Сонцето затемнето, Месечината осветлена од одбиената светлина од Земјата. Според многумина сончевата корона е најубавата небесна појава.

Сончев филамент

Огромен сончев филамент (с) Gabriel Octavian Corban

Сонце активен регион

Активна област 2497 (с) Paul Stewart
Во категорија ’Аурори’ победник е:

аурора

Аурора на самрак (с) György Soponyai
Финалисти:

Аурора линија

Аурора во црно-бела техника (с) Kolbein Svensson

Аурора круна

Небесна круна (с) Bernt Olsen

Picture

Небото во пламен (с) Kolbein Svensson
Во категорија ’Галаксии’ победник е:

Галаксија ореол

Ореол во длабочината (с) Nicolas Outters
Финалисти:

Мал Магеланов Облак

Кон Малиот Магеланов Облак (с) Ignacio Diaz Bobillo

Галактичко јато

152 часа експозиција од галактичко јато Антила (Воздушна пумпа) (с) Rolf Wahl Olsen

Андромеда галаксија

Маглина околу Андромеда (с) Lefteris Velissaratos
Во категории ’Нашата Месечина’ победник е:

Picture

Од Мавролик до Морет (с) Jordi Delpeix Borrell
Финалисти:

Месечина

Изсечина (с) Katherine Young

Месечина плато

Кај платото (с) Sergio Garcia
Во категорија ’Планети, комети и астероиди’ победник е:

Picture

Мир на Сатурн (с) Damian Peach
Финалисти:

Каталина комета

Кометата Каталина (с) Gerald Rhemann

Picture

Кралот на планетите (с) Damien Peach
Победник во категорија ’Пејзажи’ е:

Picture

Двојна магличавост (с) Ainsley Bennett

Picture

Тивки небесни бранови (с) Mikko Silvola

Геминнди

Геминиди над телескопот Ламост (с) Yu Jun
Победник во категорија ’Ѕвезди и планети’ е:

Сириус

Ѕвезда од виножито (с) Steve Brown Ова е форографија од најсјајната ѕвезда Сирус снимана со 50 слики во секунда со благ дефокус. На секоја слика има различна боја која е предизвикана од бранувањето на горните слоеви на атмосферата со што различните фреквенции под различен агол се дисперзираат. Ова е причината поради која некогаш ѕвездите изгледаат дека треперат.
Финалисти:

Picture

Молекуларен облак во Персеј (с) Pavel Pech

Млечен Пат

Светлина и силуети (с) Tom O’Donoghue
Победник во категорија ’Луѓе и вселена’ е:

Picture

Урбани светла (с) Wing Ka Ho
Финалисти:

Picture

Човек на Месечината (с) Dani Caxete

Picture

Татко и син (с) Robin Stuart
Најдобар почетник:

Picture

Големиот Магеланов Облак (с) Carlos Fairbairn
Најдобра фотографија од опсерваторија:

Спектроскопија

Спектроскопија – неприкосновен начин за откривање на составот на небесните тела и објекти (с) Robert Smith
Најдобар во категорија ’Млади ентузијасти’ е:

Picture

Обратно (с) Brendan Devine
Финалисти:

Picture

Набљудување (с) Jasmeen Villalobos

Picture

Северна аурора (с) Jonathan Farooqi
Оваа година има многу лоши критики кон стучното жири за избор на победниците и финалистите, со напомена дека во конкуренција биле многу подобри фотографии, како од технички аспект, така и од стручен аспект.