24 часовен МВР Билтен

Сподели

Денеска (04.10.2024) околу 10.15 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Х.(55) од Косово. Тој управувал минибус на релација Косово– Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп. За случајот бил известен Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север, а лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.  

На 03.10.2024 во 13.45 часот во тетовски Пирок, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Х.(30) од Пирок поради сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ предвидено во член 156 од Законот за игрите на среќа и забавните игри. При контролата во неговиот мобилен телефон, било констатирано  дека користел веб страница за онлајн игри на среќа за која имал административни права за креирање на други корисници. Исто така, пронајдена е листа со играчи кои биле активни, како и баланс на ставен кредит, со баланс сума и достапни кредити, како и пораки на средства за комуникација со барања за надополнување на кредити на платформата. Мобилниот телефон му бил одземен, а тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Во исто време, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со УЈП и Државен инспекторат за труд, извршиле контрола и во спортската обложувалница во с.Пирок, во која работел, а е сопственост на Е.Ш и И.Ш., двајцата од Тетово. При контролата биле констатирани неправилности во работењето на обложувалницата, за што ќе бидат преземени соодветни мерки од надлежните институции. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.10.2024 во 09.20 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го привеле Е.М.(36) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Денеска (04.10.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода  Х.И.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 03.10.2024 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 03.10.2024 во 22.10 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Х.(51) од с.Визбегово, скопско и Н.Г.(39) од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Денеска (04.10.2024) во 07.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Р.О.(33) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (04.10.2024) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (04.10.2024) во 01.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д.(32) од Република Турција, затоа што при извршена проверка било констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за возилото кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 03.10.2024 околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален  пат Куманово – Крива  Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл  „јамаха“ управуван од малолетник од Куманово. Од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16 – годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед.    

На 03.10.2024 во 07.45 во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола се   случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(42) од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола, при што настанал пожар во двете возила. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Н.В. и А.Р.(74) и Ф.Ј.(51), двајцата од Прилеп, сопатници во патничкото возило. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Возачот Г.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од  ОВР Прилеп.  

На 03.10.2024 во 13.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко моторно возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од  Б.Т.(66) од Прилеп, удрило во пешакот П.Н.(50) од Прилеп. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.   На 03.10.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Драчево, Т.С.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Драчевска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  

На 03.10.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.Ј.(41) од Скопје пријавила дека на подрачјето на населбата Пинтија во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.