Холандската современа култура на “ЗДРАВО МЛАДИ”

Сподели

Оваа година, во фокусот на програмата на “ЗДРАВО МЛАДИ” е холандската современа култура. Благодарение на прекрасната соработка со Холандската амбасада во Скопје, во рамките на 14 издание на фестивалот покрај веќе најавената музичка програма, ќе има и Нов МКЦ мурал!

Нацртан од страна на еден од најпознатите ротердамски артисти, Јорен Јошуа, чија специјалност се духовити и апсурдни илустрации од секојдневниот живот. Неговите цртежи, иако се проткаени и разиграни, во основа содржат комплексна сложеност што поттикнува длабоки емоции. Под силно влијание на графити уметноста и уличните техники на цртање, стилот на Јорен е графички, но динамичен, кој веќе со години го применува на цртање на големи површини. Муралот ќе биде промовиран дента на фестивалот.

Архивски филмови во холандска прокцукција, дел од богатиот фонд на еден од најреномираните филмски музеи во Европа: “Eye Filmmusem” од Амстердам!

Филмовите кои ќе бидат прикажани се патеписи од Балканот, Македонија и Скопје во периодот од 1912 – 1930 година. Истите беа обезбедени блаогдарение на соработката меѓу МКЦ и Кинотеката на РС Македонија:

“KALABAKA – DIE GEHEIMNISSE DES UNBEKANNTEN EUROPAS” / “Калабака – Тајните на непознатата Европа”

“BALKAN OORLOG” / “Балканска војна

“THE PULSE OF YUGOSLAVIA” / “Пулсот на Југославија”

“VOM AMSELFELD ZUM OCHIDASEE” / “Oд Призрен до Охридско Езеро”

-Мини саем на холандска литература

-Автентична холандска храна: ‘Made by Paul & Mark’

-Работилница за урбана уметност и графити карактери со ХРОМ, NAME и ФЛИМ

Tanpa Nama

Ivan Petrushevski

Cvetan Nedelkovski

Саатница за настаните, наскоро! Bedankt!🌷

Embassy of the Netherlands in North Macedonia

11 октомври 2024, влез – слободен