Изминатиов викенд, во периодот од 4-ти до 6-ти октомври се одржа Третиот конгрес на медицинските сестри со меѓународно учество на тема „Автономија на сестринството, сега и во иднина“.
Импозантната посетеност на учесници и предавачи од регионот и пошироко ја потврдија единственоста на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ кои како организатори на овој голем настан придонесуваат за унапредување на сестринската професија во нашата земја.
И оваа година Конгресот на медицинските сестри е поддржан и реализиран под покровителство на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри (БАМС).
Свеченото отварање традиционално започна со интонирање на македонската химна и поздравен говор од претседателот на Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска.
Поради континуирани ангажмани, најавеното присуство на Претседателот на Р. С. Македонија, Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова, на Свеченото отворање на Конгресот не се случи, но искажуваме голема благодарност за испратеното писмо, во знак на поддршка кон нашата професија.
Искажуваме голема благодарност и за присуството на членовите на почесниот одбор: заменик министерот за здравство, м-р Јовица Андовски, претставник од кабинетот на министерот за здравство Сабрие Азири, шеф на протокол, проф. д-р Николче Јанкуловски, заменик министер за финансии, проф. д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет, проф. д-р Нико Беќаровски, УК за токикологија, проф. д-р Владимир Трајковски, Филозофски факултет, д-р Емил Стоицовски, медицински директор на Жан Митрев Клиник, д-р Борче Јовчевски, градоначалник на општина Штип, Михајло Филев, почесен конзул на Р. Србија во Р. С. македонија, доц. д-р Ведрана Вејзовиќ од Универзитетот во Малме, Шведска, прим. д-р Таше Трпчевски, директор на ПЗУ “Плодност“, д-р Злате Мехмедовиќ, национален координатор за примарна здравствена заштита, човечки ресурси и ургентни медицински тимови на СЗО, доц. д-р Адриано Фригановиќ, претседател на Европската асоцијација ЕСНО, м-р Горан Мошиќ, претседател на БАМС, Раденка Ќираковиќ, претседател на здружение на здравствени рабоници – Лозница, Гордана Драгошев, претседател на здружението „УИНАРС“ од Србија, Марија Галич, претседател на УМСТ КЦ „Сестринство“ од Србија, проф. д-р Тања Јовановска, ВМШ Битола, Добрила Пејовиќ, прва главна медицинска сестра на КЦ Србија, како и на претставниците на граѓанските здруженија на пациенти РАСТ, ХЕМА и НЕФРОН и координаторите во Унијата: Ирена Нечовска, претседател на ЗМСТА „Славјанка Влахчева“, Наџије Фетаи, претседател на ЗМСТЛА „Флоренс Најтингејл“ – Тетово, Џеват Салија, претседател на ЗМСТАЛА – Гостивар, Ивица Билбиловски, претседател на ЗМСТА – Гостивар и Тони Јакимовски, претседател на СМТЛ – Тетово.
И оваа година по втор пат беа доделени специјалните повелби од прв ред „Славјанка Влахчева“, за посебен придонес во развојот на сестринството во нашата земја.
Како покровители на оваа повелба и одликување се појавува семејството на првата медицинска сестра во Македонија, Славјанка Влахчева, општина Штип и почесниот конзул на Р. Србија во Р. С. Македонија, Михајло Филев кој е всушност и креатор на брошот кој е специјално дизајниран за оваа пригода.
Оваа година добитнички на повелбата беа м-р Наџие Фетаи, претседател на ЗМСТАЛ „Флоренс Најтингејл“ од Тетово и сестра Лилјана Шаревска од ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ во Скопје.
Конгресот официјално беше отворен со панел дискусијата на тема: „Автономија на сестринството, сега и во иднина“.