Државен архив: Патувачката изложба „Милтон“ во Велес

Сподели

Во организација на Државниот архив, патувачката изложба „Милтон“ е претставена во градот Велес во просториите на младинскиот центар „Europe House“.

Изложбата го презентира богатото фотонаследство на пионерите на фотографијата во Македонија, битолчаните Милтон и Јанаки Манаки. Овој проект, на кој работеле архивисти од Одделението на Државниот архив-Битола, е поддржан од Британската библиотека и фондацијата Аркадија.

Изложбата на 12 паноа ќе биде поставена до 18 октомври 2024 г., а нејзината содржина ќе ја презентира стручно лице од Државниот архив.