„Дамата со камелии“, 30 октомври, Национална опера и балет
Балетска претстава „Дамата со камелии“ е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.
Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет
Инфо за авторската и солистичката екипа во описот на настанот ДАМАТА СО КАМЕЛИИ / THE LADY OF THE CAMELLIAS – G. Verdi и на www.operabalet.mk
Билети: Билетарница: 078 426 536 ; 02 3118 451 Онлајн: https://t.ly/DamataSoKamelii