На 15.10.2024 во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Штип, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети. За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип против него ќе поднесе соодветна пријава.
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
На 14.10.2024, со наредба на Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени седум пакувања со кафеава прашкаста материја, 922 куршуми различен калибар, една дигитална вага, една воздушна пушка, рамка за пиштол и три шок бомби. Тој бил лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријавата, додека од судија на претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор.
На 15.10.2024 во 11.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишиле од слобода Р.Ѓ.(54) од Гостивар поради основано сомнение дека во периодот од 11.10. до 15.10.2024 извршил кражба од викенд куќа, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2024 во 21.30 часот на ул.„Железничка“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип ги лишиле од слобода Љ.П.(43) и К.П.(37), двајцата од Штип. При преглед во возилото „рено лагуна“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Љ.П., а сопатничка била К.П., кај Љ.П. и во возилото биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и боев куршум. За настанот бил запознаен јавен обвинител и Љ.П. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 15.10.2024 во 16.50 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле С.И.(40) од с.Добридол, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „организирање игри на среќа без соодветна лиценца од надлежен орган“ по член 156 став 3 од Закон за игри на среќа и забавни игри. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Денеска (16.10.2024) во 03.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.10.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.10.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.10.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода М.С.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2024 во 17.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2024 во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.А.(34) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2024 во 21.30 часот во Скопје, на кеј на река Вардар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.10.2024 околу 00.40 часот на ул.„Тошо Арсов“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ш.К.(61) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2024 во 10.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Е.С.(43) од Прилеп затоа што кај неа биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против Е.С. ќе следува соодветна пријава.
Денеска (16.10.2024) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2024 околу 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“, на кракот со ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(57) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.М.(21) од Скопје, при што возилото „шкода” се превртело и се запалило. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.А.(35) од Скопје, сопатник во возилото „шкода“, додека возачот З.Ѓ. и А.Р(36) и Л.Н.(45) од Скопје, исто така, сопатници во возилото „шкода“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Кoмплексот клники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
На 15.10.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.Ц.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 15.10.2024 во 14.40 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Ј.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник. На 15.10.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.А.(20) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.