Министерот за здравство Арбен Травари денеска се вакцинираше против сезонски грип и повика тоа да го направат и здравствените работници и граѓаните што спаѓаат во групата ранливи категории, односно лицата што имаат други болести и повозрасните.
“Оваа превентивна мерка за заштита на здравјето ја препорачувам и како министер и како здравствен работник, бидејќи сметам дека секој треба да се заштити од потешки форми и компликации од сезонскиот грип.
Вакцината против сезонски грип е бесплатна за ризичните групи население и упатувам апел за имунизација, особено за граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи, навреме да го заштитат своето здравје, изјави министерот Таравари.”
Министерот најави казни за антиваксерите.
„За жал, антиваксерството, не само во Македонија туку во регионот, како и во светот, зема сè поголем замав. Ние со Светската здравствена организација подготвуваме стратегија за вакцинација во Македонија. Се надевам дека во ноември или во декември ќе го промовираме тоа. Тука ќе кажеме конкретни чекори и што можеме да преземеме законски за оние што шират дезинформации и лажни вести“, изјави министерот Таравари.
Тој нагласи дека антиваксерството, за жал, е веќе глобален проблем и мерките ќе се предвидуваат во соработка со Светската здравствена организација.