Србија во шок и во жалост – Кој е одговорен за трагедијата?

Сподели

Нови Сад e во тридневна жалост поради несреќата во која загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени кога врз нив се урна бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.

Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата, а е изградена во 1964 година. Oваа зграда за прв пат беше реновиран во 2021 година, а по неколку месеци повторно започна реновирањето на истата зграда на станицата. Официјално беше отворена на 5 јули годинава.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ за РТС изјави дека вчера биле сослушани 26 лица, додека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека одговорните за несреќата на железничката станица во Нови Сад ќе бидат казнети.

Меѓу загинатите е и македонски државјанин, 45 годишниот Васко Саздовски.