Градска свеченост – 80 години слободно Тетово

Сподели

Градска свеченост во предвечерието на Денот на ослободувањето на Тетово-19 Ноември. Настанот за сплотеност и единство, за љубов кон родниот град и луѓето кои го прават голем и горд сите изминати 80 години! Низ годините учевме и созревавме и знаеме дека не постои еднаш добиена војна или засекогаш изгубена битка, токму затоа непокорувањето кон се она што го уништува она што ни е свето е нашата полна слобода, бидејќи НЕПОКОРОТ Е СЛОБОДА!

Годинава подготвивме богата програма, квалитетен мултимедијален настан, изненадувања и специјални гости вечерта на празнична свеченост на 18.11.2024 година во 19 часот во ЦК Иљо Антески Смок.

Влезот на градската свеченост е бесплатен.

Поради големиот интерес секоја година, информираме дека вратите на ЦК Иљо Антески Смок ќе бидат отворени пола час порано. Учтиво ги замолуваме младите да отстапат седиште на повозрасните, а родителите да не доаѓаат со деца од најмала возраст кои ја нарушуваат тишината во гледалиштето.

Започнувајќи од 27.10.2024 па се до 19.11.2024 година подготвивме и програма со низа настани во чест на Денот на ослободувањето на градот. Над 20 настани, тематски автентични на достоинствен начин ќе го слават градот Тетово.

Медиумски покровител на одбележувањето ќе биде порталот Тетово инфо. Таму секојдневно информирајте се за тековните настани од програмата.

Запомнете, непокорот е слобода! Сојуз на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи – Тетово