ЕУ и САД не ги признаваат руските избори на Крим

Сподели

4662780391_64950c212c_z

Европската Унија не ги признава избраните пратеници во државната Дума од Крим затоа што ги смета за нелегитимни изборите на полуостровот, јавува руската агенција „Новости“. Како што објавува медиумот, ова го изјавил висок претставник на Европска Унија.

Претходно портпаролот на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, изјави дека ЕУ не го признава спроведувањето на изборите на полуостровот, затоа што го нема признаено влегувањето на Крим и на Севастопол во состав на Русија.

Легитимноста на изборите на Крим не ја признаваат ниту САД, соопштија од Стејт департментот.

„САД не го признаваат легитимитетот, ниту ќе го признаат резултатот на изборите што ги организира руската Дума на окупираниот Крим“, пишува во соопштението на портпаролот на Стеј департментот, Џон Кирби.

meta.mk