Напад на хуманитарниот конвој кај Алепо, загинаа 12 лица

Сподели

thumbs_b_c_b2d1fbe9aacb96260ea6bc5750b2655a

ЊУЈОРК (AA) – По нападот на хуманитарниот конвој на Обединетите нации и сириската Црвена полумесечина, во кој загинаа најмалку 12 хуманитарни работници кај сирискиот град Алепо, заменикот-генерален секретар на Обединетите нации (ОН) за хуманитарни прашања, Стефен О’Браен, рече дека доколку бил намерен, нападот е воено злосторство, јавува Anadolu Agency (AA).

Конвојот превезуваше помош за бегалците во градот Азаз. О’Браен потврди дека во нападот на хуманитарниот конвој на подрачјето Урум ел-Кубре загинале и се повредени голем број лица. Тој нагласи дека е нападнато складиштето на сириската Црвена полумесечина и здравствениот центар.

О’Браен порача дека е трогнат од воздушниот напад изведен на хуманитарниот конвој. Заменикот-генерален секретар на Обединетите нации (ОН) за хуманитарни прашања остро го осуди овој напад.

Тој во врска со нападот повика да се спроведе непристрасна и независна истрага. Хуманитарната помош во конвојот беше наменета за 78.000 лица.

Соединетите Американски Држави и Русија минатата недела постигнаа договор за прекин на судирите. По договорот, ОН испрати конвој на турско-сириската граница, но поради несоодветните услови, конвојот со денови чекаше на границата.

Конвојот е нападнат синоќа, а уништени се најмалку 18 камиони во кои имаше храна и лекови за Азез.