“АЛКАЛОИД” ДЕНЕСКА ОДБЕЛЕЖУВА ОСУМДЕСЕТ ГОДИНИ УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ

Сподели

zivko-mukaetov

Најголемата фармацевтска компанија во земјава „Алкалоид“ денеска одбележува 80 години успешно работење во фармацевтскиот сектор. Централниот настан за одбележување на годишнината ќе се одржи вечерва во хотелот „Александар Палас“.

„Одбележуваме осум децении истражување, развој, иновации и континуирани вложувања во нашата визија за поздрав живот на секој поединец. Илјадници исполнети вработени, милиони задоволни корисници и производи кои се синоним за врвен квалитет се сведоштва за нашата посветеност и копнеж по совршенството“, најавува компанијата, која е присутна не само во земјава, туку и во регионот, Европа и во САД.

Осумдецениското постоење компанијата го одбележува во знакот на хуманоста, така што опшествената одговорност на компанијата се позиционираше на врвот на агендата на своето дејствување.

„Алкалоид“ својата успешна приказна ја промовира преку слоганот „Здравјето пред се“, односно дека „Здравјето е среќа, а среќата е здравје“.

Годинава пуштен е во употреба Центарот за квалитет на „Алкалоид“, инвестиција вредна близу 5,3 милиони евра. Преку фондацијата „Трајче Мукаетов“ секоја година на најуспешните студенти по медицина и фармација им се доделуваат стипендии. Добар дел од овој квалитетен кадар е веќе вработен во фрамацевтската компанија. „Алкалоид“ денеска е компанија со над 1.500 вработени, од кои 1.200 се во Македонија, а над 300 се во странство.

Компанијата има свои претставништва во 16 фирми надвор, а своите производи ги продава во над 30 светски пазари. Во изминативе 10 години, пласманите на „Алкалоид“ од 53 милиони евра во 2005 година дојдоа на речиси 130 милиони евра.

80-godini-alkaloid