Музички перформанс на Стефанија – „Девојчето со долгата коса“, Мини Балкан Турнеја
17.11.2024, недела, 20ч. Лабораториум, Скопје @lab.ratorium
Гости: Танц – Ема Величковска
Поетско читање: Јасмина Јошевска, Сузана В. Спасовска, Горазд Китановски – Кени
Костими: Анастасија Зулевска
Влез слободен
Изведба на албумот „Девојчето со долгата коса“, во продукција на Welcome to Stefanija’s Music World, кој вклучува и 4 видео записи на песните: „Едно моме“, „Бегаш“, „По патот на светлината“ и „Да раширам крилја“.
Албумот е обележан со теми за самооткривање, откривање на животни тајни, верба, исконска љубов, позитивна енергија и надеж за подобро утре.
Стефанија е кантавторка, дипломирана поп/ џез пејачка, мултидисциплинарен артист, која има уникатен уметнички израз и ги презентира, своите дела преку аудиовизуелна перцепција.
Нејзините перформанси интегрираат елементи на танц и мода, овој пат и на поезија, со цел, создавајќи темелен приказ на внатрешните емоции што произлегуваат од процесот на себеспознавање, споделување и битосување како уметник на македонското тло.
Приказната на Девојчето со долгата коса започна од расказ, издаден во книгата „ Го љубам животот“ од група автори во 2015та година, се трансформираше во перформанс во 2017-та година, стана музички албум во 2023-та година, продолжи со видео записи во 2023-та и 2024-та, за на крај да се дефинира со мултидисциплинарен музички перформанс кој ќе ги опфати сите форми на нејзиниот израз.
Дизајн@mishackovska