“ЖЕНИТЕ НА ПУЧИНИ“ – КОНЦЕРТ НА СОЛИСТКИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ
19.11.2024, Фоаје на Национална опера и балет , 20.00ч
Националната oпера и балет со гордост го најавува свечениот гала настан по повод одбележувањето на стогодишнината од смртта на големиот италијански композитор Џакомо Пучини.
Како институција, имаме одговорност да ја негуваме уметноста и да ја пренесеме на идните генерации. Посветени сме да ја збогатиме културната сцена во земјата преку репертоар и настани прилагодени за сите возрасти.
Донаторскиот гала настан насловен „Жените на Пучини“ ќе се одржи на 19 ноември, 2024 година, во фоајето на Националната Опера и Балет, со почеток во 20 часот. Нашата публика ќе има единствена можност да ужива во врвни изведби на најпознатите арии на великанот Пучини.
На концертот ќе бидат изведени 12 арии, во интерпретација на осум истакнати солистки од нашата оперска куќа, со пијано придружба.
Солистки:
Весна Ѓиновска Илкова;
Сандра Митровска;
Павлина Новакова Георгиев;
Злата Тошевска Димовска;
Александра Лазаревска Василевски;
Катерина Стојановска;
Биљана Јосифов;
Илина Митревска;
Пијано придружба:
Андреј Наунов
Режисер:
Дејан Прошев
Во исто време, ќе биде поставена изложба со наслов „Пучини низ историјата на МОБ“, која ќе претстави материјали од нашата богатата архива.
Овој настан претставува кулминација на нашата годишна културна понуда и можност за дружење со уметниците и креативниот тим на Националната опера, во извонредна атмосфера.
Вашето присуство и поддршка ќе ни овозможат да ја продлабочиме соработката со локалната заедница и да создадеме програми кои ќе им овозможат на илјадници луѓе да ја доживеат сценската уметност во нејзиното најдобро издание, поддржувајќи ја македонската култура и идентитет.
Цената на билетите за овој настан изнесува 3000 денари.
Бројот на билети е ограничен и затоа ги повикуваме сите заинтересирани да ги резервираат своите места преку нашите официјални канали.
П Р О Г Р А М А:
1.Арија на Џорџета “Е ben altro il mio sogno” од операта „Плаштот“
Изведува: Павлина Новакова Георгиева
2.Арија на Мими “Si. Mi chiamano Mimi” од операта „Боеми“
Изведува: Катерина Стојановска
3.Арија на Музета “Quando m’en vo” oд операта „Боеми“
Изведува: Александра Лазаревска Василевски
4.Арија на Лаурета “O mio babbino caro” од операта „Џани Скики“
Изведува: Билјана Јосифов
5.Арија на Манон Леско “Sola,perduta,abbandonata“
Изведува: Сандра Митровска
6.Арија на Магда “Chi il bel sogno di Doretta“ oд операта “La Rondine“
Изведува: Илина Митревска
7.Арија на Манон “In quelle trine morbide”, од операта „Манон Леско”
Изведува: Злата Тошевска Димовска
8.Арија на Лиу “Signore Ascolta” од операта „Турандот“
Изведува: Билјана Јосифов
9.Suor Angelika – Senza Mamma
Исполнува: Илина Митревска
10.Арија на Чо Чо Сан “Tu Tu Piccolo Iddio”од операта „Мадам Батерфлај“
Изведува: Сандра Митровска
11.Арија на Флорија Тоска “Vissi d’arte”, од операта “Toска”
Изведува: Весна Ѓиновска-Илкова