Талески на слобода, додека трае жалбената постапка во Врховен суд

Сподели

taleski-2

Специјалното јавно обвинителство ќе достави жалба до Врховниот суд по вчерашната одлука на Апелацискиот суд да не го прифати барањето на СЈО за продолжување на притворот на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, и наместо тоа да му определи мерки за претпазливост – да се јавува во суд двапати неделно.

– Постојат две решенија. Првото решение е за барањето на одбраната да се укине куќниот притвор, кое Апелацискиот суд го прифати, а второто решение е за нашето барање за продолжување на куќниот притвор за кое Апелација одлучи да го преиначи во мерки за претпазливост. Второто решение, ние ќе го обжалиме пред Врховниот суд – рече Ристовска.

Додека трае жалбената постапка, градоначалникот Талески ќе биде на слобода, односно не е во куќен притвор и ќе може да се врати на работа.

Како што вели адвокатот Звонко Давидовиќ, веднаш штом се донесе решение за укинување на куќниот притвор, тоа стапува на сила. Според Давидовиќ, тоа е направено заради почитување на човековите права.

meta.mk