Се очекува ветер, дожд и снег на планините

Сподели

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта наместа во западните делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 km/h).

Наредните три дена ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец (наместа над 70 km/h). Во текот на ноќта на планините и на повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа над 70 km/h).