Отворена изложба на фотографии „Постоиш ли Алиса?” од Јелена Белиќ

Сподели

Во Музеј на Република Северна Македонија се отвори изложбата на фотографии „Постоиш ли Алиса?” на авторката Јелена Белиќ. Изложбата претставува визуелна наратива на едно исклучително патување на портрети во простор каде фотографиите се движат од лик до лик, формирајќи единствена целина во црно бело.

Оваа фотографска приказна, изградена со моќен поетски јазик, се потпира на визуелна палета која е истовремено минималистичка и богата со детали. Она што, пак, е веднаш видливо е тивката енергија на авторката, опиплива во нејзините фотографии.

Преку нејзините субјекти, суптилно создава чувство на интимност и на интроспекција. Секоја фотографија е прозорец во приватен свет, покана за гледачот да се препушти во неискажаните длабочини на човечкото искуство, да се изгуби во наративот, емотивно да го насели просторот, потпирајќи се исклучиво на сопствената имагинација.

Изложбата ќе биде отворена до 5-ти декември.