10. РОДЕНДЕН НА “ВИНО СКОП”: 28.09-02.10.2016

Сподели

Десетиот роденден на „Вино Скоп“ ќе го прославиме традиционално на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, а фестивалот ќе се одржи од 28-ми септември до 02-ри октомври.

vino

Центарот на градот Скопје пет дена ќе биде катче во кое ќе може да уживаат сите кои што сакаат да дегустираат чаша квалитетно македонско вино, но и да се забавуваат на звуците на најдобрите македонски музичари. Владо Јаневски, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски се само дел од изведувачите кои ќе настапат на јубилејното издание на „Вино Скоп“.

Во текот на изминатите десет години фестивалот стана заштитен знак на есента во Скопје, како и привлечна туристичка атракција за голем број на странски туристи кои секоја година ги има во што поголем број.

Десет години Вино Скоп ја испишува најубавата скопска есенска приказна, бидете и вие дел од фестивалот кој ги слави виното и музиката.