Секоја година се бара билет повеќе за детските новогодишни претстави кои ги организира актерката Изабела Јакимова.
Не само во Јавна Соба (public room) и Салон 19,19 КИЦ во Скопје туку и во моловите, на новогодишните базари ширум Републиката, како и Во компаниите во Македонија кои ги ангажираат за приватни новогодишни корпоративни настани за децата на вработените.
Да ви ја претставиме креаторката на овие прекрасни детски интерактивни и едукативни претстави и работилници со различни тематски содржини.
Изабела Јакимова е актерка и магистар по применет театар. Родена е 1998 година во Скопје и од 15 години се занимава со театар. Освен како актер, таа се јавува и како режисер и продуцент на неколку претстави за деца и возрасни како што се: МАМУТОТ, “Супер Вселенко и роденденската торта” , “Љупка и Љубица”, “МОБИЛЕНД” и новогодишните претстави “Каде е Рудолф?, ” Рудолф и Елф” и “Гринч и случајот Н.Г” Во 2023 година отвора и сопствен приватен театар “Театар за тебе”, во него сега, активно работат Гоце Андонов, Анастасија Ласовска, Сара Томевска, Ане Блажевски и Ангела Лефкова.
Најновата и најбараната претстава е “ГРИНЧ и случајот Н.Г”
Претставата за Гринч обично ја прикажува познатата приказна за Гринч, зелено суштество кое живее со своето куче Макси ги мрази Божиќните празници. Тој е саркастичен, заинатен и не го поднесува ентузијазмот на жителите на селото кои го обожаваат Божиќ и го прославуваат со многу украси, песни и подароци. Во текот на претставата, Гринч одлучува да го уништи Божиќ за сите, и планира да ги украде сите украси, подароци и храната од домовите на селаните. Сепак, кога доаѓа на Божиќното утро, тој е шокиран кога ги гледа селаните како слават, и покрај тоа што го изгубиле материјалното. Тоа го замислува и му помага да ја разбере вистинската смисла на празникот – љубовта, заедништвото и радоста на споделувањето. Претставата обично користи живописна сценографија со снежни планини, светкави божиќни украси, а костимите се многу шарени и уникатни, особено на Гринч, кој е препознатлив по својата зелена коса и специфично мрзоволно изразување. Музиката игра важна улога, создавајќи комична, но и топла атмосфера, додека ликот на Гринч низ забавни моменти и дијалози ги привлекува и забавува гледачите, но истовремено ги учи и на важните вредности поврзани со Божиќните празници.
Играат: Ане Блажевски, Анастасија Ласовска, Гоце Андонов, Изабела Јакимова, Ангела Лефкова, Техничка поддршка: Сара Томевска
Подеднакво барана е и Рудолф и Елф е претстава која е интерактивна и зборува за другарството помеѓу Рудолф и Елф кое е толку силно што ни Снежната Кралица нема да може да го расипе! Баш напротив тие двајца заедно со децата од публика ќе ја направат Снежната Кралица повторно добра!
Играат: Изабела Јакимова, Гоце Андонов, Анастасија Ласовска и Ане Блажевски, Техничка поддршка: Сара Томевска
Третата детска новогодишна претстава е Каде е Рудолф?
- Рудолф има проблем со јадење нездрава храна.
- Тој сака да јаде скришно за Крис и Баба Мразица да не го караат.
- Но откако ќе му објаснат зошто мора да престане да јаде толку многу колачиња, Рудолф ќе одличи да направи промени.
- Но баш во тој момент, се појавуваат двете лоши деца кои сакаат да ја уништат Новата година и добиваат идеја да го украдат Рудолф.
- Како? Ќе го намамиме со колачиња!
- Претставата е интерактивна и едукативна за деца 3+ години!
- Баба Мразица и Крис, заедно со другарите од публика ќе го спасат Рудолф, и ќе успеат да им објаснат на Лоло и Лала зошто треба да бидат добри!
- Играат: Јанка Лефкова, Мина Јелушиќ, Јана Вељановска, Надица Дојкоска, Сара Спиркоска
Освен детски новогодишни претстави организираат и многу креативни работилници
Дали веќе ја чувствувате празничната еуфорија?
Во пресрет на новогодишните празници, ја правиме најшарената работилница во годината!
Детска креативна работилница за изработка на новогодишни украси.
Со редовни настапи се и претставите Детска едукативна претстава ,,МОБИЛЕНД”
Како правилно да ги користиме мобилните телефони? Што може да ни се случи ако играме по цееел ден? Дали треба целосно да ги отфрлиме од нашите животи или да најдеме баланс?
“Супер Вселенко и роденденската торта” е детска интерактивна претстава која ја раскажува приказната од магичната шума каде што Еленот бизнисмен го вработува Супер Вселенко како доставувач на торти. Но Вселенко доаѓа од Месечината и се што сака е да си игра, па така, носејќи ја тортата до славиникот, ќе се заигра со дечињата и ќе ја заборави. Гавранот, кој постојано краде торти, ќе најде начин да ја украде. Низ интеракција, забава и многу помош од нашите другарчиња, Вселенко ќе успее да ја спаси тортата но и да ја дознае тајната на Гавранко!
Претставата Љупка и Љубица
Низ комичната приказна на Љупка и Љубица ќе научиме да препознаваме основни емоции!
Важно е за децата да ги разбираат емоциите бидејќи тоа им помага да ги разберат сопствените чувства, да развијат емпатија и да развиваат здрави односи.
Истото тоа влијае и кон подобрување на нивното ментално здравје.
Образовна цел: Да ги научиме децата на различни видови емоции како радост, тага, страв, лутина…
Емпатична цел: Да им помогнеме на децата да разберат како нивните емоции влијаат на нив и на другите околу нив.
Креативна цел: да ги поттикнеме децата да ги изразуваат своите емоции преку уметноста и креативната игра.
Вклучува интерактивни моменти каде децата ќе можат да учествуваат во приказната преку одговарање на прашања и да изразат свои емоции преку ликовна работилница на крај.
ЦРВЕНКАПА ОД ТИК ТОК Претстава наменета за деца 8+
Едукативна претстава за интернет насилство!
Како да се заштитиме од интернет предатори?
Дојдете заедно да и помогнеме на нашата Црвенкапа да научи како да се заштити од волкот !
Претставата е магистерска на мр. Изабела Јакимова
Работилницата Театарски кукли од чорапчиња, Како се станува супер херој? одиме на јаже, Вселенска мисија и многу многу други