Драги патници, запознајте го Дино, нашиот нов дружељубив крзнен пријател, а во исто време и одлично обучено терапевтско куче, објавија од Скопскиот аеродром.
Дино е златен ретривер кој го одбравме да биде наше #SkopjeAirportZenDog, и кое почнувајќи од денеска, 22. ноември, ќе биде гостин на Меѓународниот Аеродром Скопје секој месец.
Додека чекате да се качите на својот лет, можете да го погалите и да си поиграте со него.
Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите (гејтовите) и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет.
Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството на патниците.
На фотографиите се нашите денешни патници кои беа пресреќни што имаа можност за дружење со Дино.