“Алкалоид” се приклучи на Кампањата за совесно користење на антибиотици

Сподели

Оваа недела се АЛКАЛОИД се приклучува кон глобалната кампања за кревање на свеста за антимикробна резистенција. Откривањето на антибиотиците доведе до важен пресврт во историјата на медицината. Нивното воведување го промени начинот на справување со бактериски инфекции, што резултираше со значително намалување на смртноста и на морбидитетот поврзани со бактериски болести. Денешната достапност на антибиотици овозможува превенција и контрола на ширењето на инфекции во заедниците и болниците. За жал, несоодветната употреба на антибиотици може да доведе до појава на резистентни бактерии.

Антимикробната резистенција (АМР) се појавува кога микроорганизмите се менуваат или мутираат со текот на времето, достигнувајќи точка каде што веќе не реагираат на лековите кои претходно биле ефективни за нивно лекување. Ситуацијата се влошува бидејќи човештвото сега се соочува со појава на нови бактериски соеви кои се истовремено отпорни на неколку антибиотици. Зголемувањето на антимикробната резистенција е значајна закана за јавното здравје, бидејќи ја загрозува нашата способност ефикасно да ги лекуваме инфекциите.

Покрај употребата кај луѓето, земјоделството е исто така значаен фактор за развој на антимикробна резистенција. Според извештајот на Групацијата на Светската банка, најголемиот дел од употребата на антимикробни средства во многу земји се одвива во земјоделскиот сектор, особено во сточарството.

Со совесно користење на антибиотиците во сите сфери на опкружувањето, сите ние можеме да придонесеме кон намалување на антимикробната резистенција!

Приклучи се и ти!

#АлкалоидСкопје#ЗдравјетоПредСе