ЊУЈОРК (АА) – Таткото на осомничениот за експлозијата што се случи во саботата во Њујорк и Њу Џерси, на официјалните претставници на Федералното истражувачко биро (ФБИ) уште пред две години им пријавил дека се сомнева оти неговиот син е терорист, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американските медиуми јауваат дека таткото на Ахмед Кан Рахами во 2014 година се обратил до службениците на ФБИ и го пријавил својот син за потенцијален терорист.
Потоа од ФБИ била спроведена двомесечна истрага којашто е завршена со заклучок дека Рахами не е поврзан со терористички групи и дека како таков не претставува закана за безбедноста.
Најмалку 31 лице беше рането во експлозијата во квартот Челзи, во Њујорк, во саботата навечер. Осомничениот бомбаш Рахами влезе во оружен судир со полицијата, а притоа беше ранет и приведен.
Државјанинот на САД со потекло од Авганистан, Рахами, е осомничен и за експлозијата во Њујорк, а против него е подигнато и обвинение во кое се товари за обид за убиство на полицајци, употреба на оружје за масовно уништување, бомбашки напад, повеќекратен обид за убиство на цивилите и за нанесување штета на приватен и јавен имот.