Претставата „По име Господин“ премиерно во Прилеп

Сподели

Во театарот „Војдан Чернодрински“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер, од 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „По име Господин“, работена по текст од Филип Леле, во режија на Борис Василески.

Во претставата играат: Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски, Дарко Карбески и Наталија Ристеска. Драматургијата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата на Ненад Тонкин, за костимите се погрижи Марта Дојчиновска, музиката е на Серафим Чернит, а за дизајнот на светло е задолжен Бобан Смилкоски.