Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со делегација на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска предводена од државниот секретар за внатрешни работи при Владата на Обединетото Кралство Симон Ридли и британскиот амбасадор во нашата земја, Н.Е. Метју Лосон.
На средбата беше истакната досегашната соработка помеѓу двете страни во борбата против сите видови криминал, посебно против илегалната миграција и транснационалниот организиран криминал, а посебен акцент беше ставен на капацитетите и заедничкиот одговор против криминалот кој не познава граници.
На средбата министерот и државниот секретар потпишаа изјава за соработка на двете министерства во борбата против организираниот криминал, со која се потврдува важноста на билатералните односи и заедничкиот интерес за блиска соработка во борбата против сериозен организиран криминал, со цел заштита на граѓаните на двете земји.
Двете страни ги анализираа и очекувањата и предвидувањата за тековите на илегалната миграција во блиска иднина со нагласок дека граничната безбедност треба да биде заеднички приоритет.