Изложба на стари фотографии “Битола виа Дебар” на Зафир Ошавков 

Сподели

Изложба на стари фотографии насловена “Битола виа Дебар” на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (Дебар,1905 – Битола,1996), ќе биде поставена вечерва во НУ Завод и Музеј -Битола.

Автор на изложбата е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонски центар за фотографија. 

На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии снимени помеѓу 1930 и 1945 година, изработени од оригинални негативи (стаклени плочи) и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија.

Автор на изложбата е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонскиот центар за фотографија. 

Изложбата ќе биде поставена до 31 декември 2024 година.