Изложба „Патување низ боите“ за 30 години творештво на Башким Меџити 

Сподели

Во Чифте амам вечер ќе биде отворена изложбата „Патување низ боите – јубилејни триесет години творештво“ на ликовниот уметник и професор Башким Меџити.

Сликарскиот опус ќе биде претставен со седумдесетина слики изработени во комбинирана техника, акрил на платно.

За отворањето на изложбата ќе биде подготвена монографија со пригодни осврти за сликарскиот пат на Меџити.

Изложбата ќе трае до 16 јануари 2025 година. Куратор е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.