Јубилеен концерт на АКУД „Мирче Ацев“ за 75 години постоење

Сподели

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ од Скопје вечер (17 декември) во 20:00 часот во Националната опера и балет ќе одржи јубилеен концерт по повод 75 години постоење. Ова друштво ја испишува историјата и остава големо богатство за сегашните и за идните генерации.

– На концертот ќе учествуваат сите членови на АКУД „Мирче Ацев“, од најмладите до ветераните, хорот, игроорците и оркестарот. Во рамките на програмата ќе се играат: „Женско чанче“, „Долна Преспа“, „Жетварка“, имаме ромски игри, како и сплет игри „Овчарка“, а направивме микс и од Источна Македонија, „Малешевка“. Хорот, пак, ќе си настапи со два блока, со „Балтепе“ и аранжмани на песни од „Квин“ и „АББА“. Програмата ќе биде интересна за сите генерации и вкусови – вели Благоја Јованоски, уметнички директор на АКУД „Мирче Ацев“.