Во Филхармонијата, во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, вчеравечер се одржа предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и на САД.
На концертот, кој оваа година се одржа под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, беше изведен репертоар од различни нумери од познати светски автори: Жорж Бизе, Јоханес Брамс, Џорџ Гершвин и Џоакино Росини, како и повеќе нумери од познати композитори од земјите на оркестрите.