Македонски лекари спасуваа животи по несреќата во Германија

Сподели

Од Македонската амбасада во Германија на ФБ напишаа дека се горди на Митевски и Станковски, двајца македонски лекари кои дале голем придонес во спасување на настраданите од несреќата во Магдебург, Германија.

“Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург.

Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург.

Горди со нашата дијаспора!”