Подигнати 55м3 отпад од диви депонии

Сподели

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортира приближно 55 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар.
Најголемиот дел од активностите се одвиваа во скопската општина Чаир, каде што е отстранета обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. 

Оваа локација претставува таканаречена „црна точка“ каде што веќе подолг период континуирано се одлага отпад на јавни или сообраќајни површини.
Во оваа скопска општина е интервенирано и на булеварот Македонско-косовска бригада, како и на улицата Цветан Димов, при што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и приближно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложен долж улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно.